Вести

ЕК: Слободата на медиумите и медиумскиот плурализам се од клучна важност за демократијата

Сподели:

novinari

По повод Меѓународниот ден на борба против неказнување злосторства над новинари, што се одбележува на 2 ноември, Европската комисија денеска упати силен повик да се запре со заплашување, притисоци и насилства врз новинарите во целиот свет.

Во изјавата се истакнува дека слободата на медиумите и медиумскиот плурализам се од клучна важност за слободно, плуралистичко и отворено општество и оти нападите врз новинари се напади врз демократијата.

– Постојаното заплашување, притисокот и насилството над новинари што се случува во светот, мора да престане, се вели во заедничка изјава на ЕК.

– Ги повикуваме сите држави медиумски фирми, медиумски професионалци и сите заинтересирани страни да ги здружат напорите за да се запре со злосторства врз новинари, се вели во соопштението.

Се истакнува и дека за ЕК безбедноста на новинарите, блогерите и медиумските актери е прашање од највисок приоритет. Потписиницте повикуваат сите држави да спроведат резолуција на ОН за безбедност на новинарите, усвоена неодамна.

Сподели: