МОБ: Јубилеен концерт на Томислав Шопов

Сподели

Македонската опера и балет во среда, 2 ноември, приредува јубилеен Гала концерт во чест на истакнатиот диригент, Томислав Шопов

Поводот се неговите 50 Години уметничка дејност. На концертот ќе настапат повеќе хорови, солисти и диригенти: Академскиот хор „Мирче Ацев“, камерниот хор „Франце Прешерн“, на истоименото словенечко здружение во Скопје, камерниот хор „Моис Хасон“ на Еврејската заедница на Република Македонија.

Диригенти: Томислав Шопов, Андреј Наунов, Иван Еминовиќ и Бисера Чадловска.

Сценарио и водител: Крсто Скубев.

Режија: Трајко Јордановски