Еко акција во училиштата во Карпош: Едно шише-два поени

Сподели:

Пакомак“ ја претстави новата еколошка иницијатива „Едно шише – два поени“, која ќе се реализира во основните училишта на територијата на Општина Карпош, со цел поттикнување на еколошката свест и правилното селектирање на отпадот.

Целта е едноставна – учениците да селектираат и рециклираат повеќе, а преку интересен натпревар и тимска работа да стекнат навики кои ќе ги применуваат и во секојдневниот живот. За секое пластично шише одложено во вендинг-машините на „Пакомак“, поставени во поголемите супермаркети, „Пакомак“ ќе донира дополнителен поен за одделението. Така, секое одложено шише станува поен за тимот, чекор кон рециклирање и придонес за почист Карпош.

Акцијата ќе се реализира како натпревар меѓу одделенијата, при што преку заеднички ангажман учениците ќе учат дека грижата за животната средина е заедничка одговорност. На крајот од учебната година ќе следува и завршен настан на кој ќе бидат прогласени најеколошките одделенија, а „Пакомак“ ќе додели симболични награди за нивниот труд и придонес.

Да ги научиме најмладите дека секое шише има вредност – ако заврши на вистинското место.

Сподели: