Експлозија во Њујорк

Сподели

Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетн.

Според претставник на њујоршката полиција, се работи за обид да се детонира бомба во кој бил повреден само бомбашот.

Според телевизијата Си-Би-Ес, напаѓачот носел две експлозивни направи, едната од кои била прицврстена на неговото тело. Едната од бомбите експлодирала додека бомбашот ја носел, нанесувајќи му повреди поради кои бил хоспитализиран. Очевидци тврдат дека станува збор за маж на возраст од 20-ина години.

Исклучително прометните метро станици Тајмс Сквер и Порт Ауторити се евакуирани од страна на полицијата додека возовите не застануваат на овие станици.