Експресен воз Гевгелија – Солун за викенди

Сподели

Патничкиот железнички сообраќај помеѓу Македонија и Грција, повторно е воспоставен но само за викендите.

Како што стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи, патничкиот железнички сообраќај со Грција, кој досега беше во прекин, повторно е обвновен, ќе се одвива само во текот на викендите.

Во работните денови, од понеделник до петок, експресните возови од Гевгелија кон Солун и обратно нема да сообраќаат, туку начинот на превоз на патниците ќе се одвива како и досега – со автобуси.