ЕП 2016: Португалија е нов европски првак

Сподели

000c85af-800

Фудбалската репрезентација на Португалија е нов европски првак, откако во големото финале Европското фудбалско првенство ја совлада домашната селекција на Франција со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Едер во 109. минута од натпреварот.

УЕФА го прогласи дефанзивецот на Португалија, Пепе, за најдобар играч на финалето на Европското првенство помеѓу Португалија и Франција. Фудбалерот на Реал Мадрид одигра одлично финале од 120 минути.