ЕП прифати одлагање на Брегзитот со одредени услови

Сподели

 

Европскиот Парламент поддржа предлог- резолуција за Брегзит, со кој се овозможува одложување на излезот на Британија, со тоа што доколку нема договор, земјата и натаму да ги почитува своите финансиски обврски кон Унијата, пренесува МИА.

Со 544 гласови „за“ и 126 „против“ пратениците ја поддржаа предлог – резолуцијата во која се вели дека е во интерес и на Лондон и на Брисел да го спроведат Брегзит на уреден начин.

Во предлогот, Парламентот  поддржува одложување, но само ако се одржат општи избори или нов референдум, тој ќе го отповика член 50 или ќе го прифати договорот за повлекување.

Во отсуство на договор, не може да има преоден рок и не може да се постигнат „мини договори“ за ублажување на последиците од неправилниот излез.

Ова ќе биде можно само кога Британија ќе ги почитува обврските на граѓаните, финансискиот надоместок за излез и Договорот од 1998 година, со кој беше укината границата меѓу Ирска и Северна Ирска.

Британската финансиска обврска кон ЕУ ќе важи и во случај на излез без договор, се предупредува со предлог- резолуцијата.