Вести Свет

Ердоган денеска ја започнa тридневната балканска турнеја

Сподели:

 

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска ја започнa тридневната балканска турнеја за зајакнување на регионалните врски во рамките на која ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, јави турската агенција Анадолу.

Во првиот дел од посетата, Ердоган беше официјално пречекан во Сараево.

Тој ќе оствари директни и меѓуделегации состаноци со тричлениот Претседателски совет на Босна и Херцеговина. Меѓу нив се хрватскиот член Жељко Комшиќ, српскиот член Милорад Додик и бошњачкиот член и актуелен претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ.

Ердоган подоцна ќе се сретне со членовите на Претставничкиот дом и Домот на народите на Парламентарното собрание, највисоките законодавни тела во земјата.

Тој ќе го посети и гробот на Алија Изетбеговиќ, првиот бошњачки претседател на државата кој почина во 2003 година.

Се очекува турскиот лидер да присуствува и на бизнис форум и да ја посети новата зграда на Исламската унија на Босна и Херцеговина.

Пред да замине за Сараево, Ердоган рече дека Турција води политика која ја поддржува стабилноста и развојот на Балканот и неговиот процес на интеграција во евроатлантските структури.

„Ќе се трудиме да најдеме решение за политичката криза во Босна и Херцеговина за време на нашата посета“, рече тој додавајќи дека Балканот е приоритет за Турција не само од политички, економски и географски причини, туку и поради нејзините историски, културни и човечки врски со регионот.

По Босна и Херцеговина, претседателот на Турција потоа ќе престојува во официјална посета на Србија, а домаќин ќе биде претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопштено е во Белград. За време на посетата на Хрватска на 8 септември Ердоган ќе разговара со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Собранието Горан Јандроковиќ. Со Пленковиќ, Ердоган ќе го посети Сисак, каде официјално ќе го отвори Исламскиот културен центар во кој има џамија, објавија хрватските медиуми./мета.мк

Сподели: