Вести Свет

Ердоган е првиот турски претседател кој по 59 години е во посета на Ватикан

Сподели:

Tероризмот не може да се доведува во врска со религиите, а борбата против ксенофобијата и исламофобијата треба да продолжи со заеднички сили, оцениле папата Франциск и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нивната денешна средба во Ватикан, јави турската новинска агенција „Анадолија“.

Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата изјавил дека папата и турскиот претседател разговарале за повеќе важни прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата околу Ерусалим.

Папата Франциск и Ердоган ја нагласиле важноста од задржување на статусот на Ерусалим во согласност со резолуцијата на Обединетите нации и почитувањето на меѓународното право.

Ердоган е првиот турски претседател кој по 59 години е во посета на Ватикан.

 

Сподели: