Вести

Ердоган: Сите терористи убиваат луѓе, затоа нема добри и лоши терористи

Сподели:

thumbs_b_c_cb369509e2fc48390208425fb6a32011

ИСТАНБУЛ (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во текот на ифтарот со претставниците на цивилното општество во Истанбул истакна дека вистинска закана и опасност за Турција би било земјата да остане без сила да помага, како што рече, на жртвите и угнетените во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

„Вистинска закана за Турција не се нападите на терористичката организација ниту финансиската криза, а ниту непријателството на некоја сила. За нас најголема закана би била да останеме без сила и разбирање да им помагаме на жртвите, угнетуваните и оние на кои им се прави неправда”, рече Ердоган.

Нагласи дека турскиот народ, поради историските искуства, добро знае што значи борба за независност и суверенитет.

„Ги разбираме и нашите браќа кои денес водат слична борба. Затоа Турција и понатаму е со сите муслимани кои се предмет на голема неправда и угнетување. Се сочуствуваме со луѓето на кои терористичката организација им го урна домот, бегалците од Сирија и Ирак, на Палестинците, муслиманите од Аракан. На сите вас на некој начин ви помагаме”, рече Ердоган.

Истакна дека се неоправдани обвиненијата и критиките против Турција, а кои доаѓаат од одредени европски земји.

„Некои велат дека се загрижени поради Турција. Кога се случија настаните во Гези паркот говореа ‘загрижени сме поради ситуацијата во Турција’. И јас сега на нив им зборувам: ‘Многу сум загрижен поради последните случувања во Франција, Белгија и Англија.’ Се чувствуваат непријатно. Значи, кога ќе се појави терористичка закана тогаш и ти и велиш на полицијата: ‘Направете го она што е потребно!’ Сите терористи убиваат луѓе. Затоа нема добри и лоши терористи”, рече турскиот претседател.

Ги критикуваше и функционерите во Европскиот парламент кои се сликаат со знамињата на терористичката организација ПКК.

„Оние кои во ходниците на згрдата на Европскиот парламент ги истакнаа знамињата на терористичката организација и кои се сликаат пред нив и оние кои на тој начин ги поттикнуваат на делување немаат никакво право да кажат ‘Ние се бориме против тероризмот”. Со ова сигурно не можете ништо да постигнете, не можете така да се борите за темелните права и слободи. Во погрешна игра сте. Правите погрешни работи”, истакна Ердоган.

На крајот потсети дека Турција во првиот квартал од оваа година се најде во групата на земји со најголем економски раст во Европа.

„Растот од 4,8 проценти сигурно покажува напредок. Важно е да се верува во нешто. Кога верувате во состојба сте да го остварите и она што изгледа невозможно”, рече Ердоган.

AA.COM.TR

Сподели: