Евакуирани конзулатите во Австралија

Сподели

На официјалниот сајт на австралиската влада е објавено дека се забележани најмалку 10 инциденти со опасни материи во Мелбурн, а полицијата, пожарникарите и екипата за прва помош се пред дипломатските претставништва на Индија, Нов Зеланд, Германија, Италија и Јужна Кореа но и во дипломатските претставништва на Грција, Франција и Хонгконг.

Од конзулатот во Нов Зеланд изјавија дека споменатите пакети имале ознака азбест, а дека во нив се наоѓала пластична кеса за сендвич со непознат влакнест материјал.

Засега не е познато кои конзулати во Канбера добиле вакви пакети.