Еврокомесарот Вархеји денеска ќе престојува во Скопје

Сподели

 

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамките на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, денеска ќе престојува во Скопје.

Вархеји ќе допатува од Софија каде што вчера оствари средби со бугарскиот државен врв. Во Софија тој учествуваше и на конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“. 

Еврокомесарот изјави дека процесот на европска интеграција на Западен Балкан мора да се забрза и посочи дека е „крајно разочаран“ што не е решено прашањето за почеток на преговорите на Скопје за членство во ЕУ.

„Не само што немаме време, туку немаме интерес да губиме повеќе време“, додаде еврокомесарот.