Европскиот шампион РК Вардар со пораз ги започна подготовките во Германија (фото)

Сподели

Ракометниот клуб Вардар со пораз ги започна подготовките за новата ракометна сезона.

Европскиот шампион се наоѓа во Германија, а во првиот од трите контролни средби запиша пораз. Црвено-црните загубија од Бергишер со 25-27, полувреме 17-14.

Тренерот Раул Гонзалез шанса им даде на сите 20 ракометари, а во второто полувреме повеќе време на голот минал Даниел Ѓорѓески. Тимур Дибиров беше најефикасен со 8, Борозан постигнал 5, а Карачиќ беше стрелец на 3 гола.

Денеска РК Вардар го очекува нов дуел каде ќе ги одмерат силите со германскиот шампион Рајн Некар Левен.

На овој ЛИНК може да го следите мечот ВАРДАР – РАЈН НЕКАР ЛЕВЕН…

The post Европскиот шампион РК Вардар со пораз ги започна подготовките во Германија (фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico