Спорт

Ф1 Баку 2016: Розберг од Мерцедес стигна до 5-тата победа во сезоната!

Сподели:

Возачот на Мерцедес АМГ и лидер во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, германецот Нико Розберг победи на денешната трка што се возеше за Големата награда на Европа во Баку, Азербејџан.

розберг-баку

Ова за Розберг беше 19-та победа во кариерата, а петта сезонава со што се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман.

Второто место му припадна на возачот на Ферари Себастијан Фетел, а трет беше Серхио Перез од Форс Индија.

Како 4-ти заврши Кими Раиконен од Ферари, а зад него се пласира шампионот Луис Хамилтон од Мерцедес, кој стартуваше од десетото место.

розберг-баку2 розберг-баку1

Во генералниот пласман Розберг ја зголеми разликата на 24 бода во однос на Хамилтон, 141 наспроти 117-те на британецот, додека Фетел е трет со 96 бода.

Кај конструкторите води Мерцедес со 258 бодови, пред Ферари со 177.

розберг

Следната трка во Формула 1 се вози на 3.јули за Големата награда на Австрија на патеката Шпилберг.

The post Ф1 Баку 2016: Розберг од Мерцедес стигна до 5-тата победа во сезоната! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: