ФАКТОР: Груевски ја губи битката со инвеститорите

Сподели

timthumb-30

Допрва ќе биде „весело“. На Груевски му требаат пари и тој по секоја цена ќе бара начин како да ги најде, и тоа, ни помалку ни повеќе, 650 милиони евра. Толку многу му требаат што мислам дека нему ни каматната стапка веќе не му е битна. Треба само некој да му се нафати да ја купи еврообврзницата. Се’ се плашам, на крајот да не биде некој „Белизе“ фонд, кога веќе сериозните инвеститори се колебаат. На тој начин ем ќе ги обезбеди потребните средства, ем ќе им обезбеди високи приходи на име купонска каматна стапка на сопственците на средства од тропските острови.

Првата реакција на инвеститорите беше изненадување. Очигледно, обременети од проблемите, не можевме да ја согледаме вистинската перцепција на инвеститорите, на оние кои нормално е да реагират пазарно, оние кои приносот секогаш го врзуваат со ризикот. Укажувавме, пишувавме, но потајно стравуваме дека екипата на Груевски и овојпат ќе може да  ги изманипулира странските инвеститори. Домашните веќе не му веруваат, последните неколку аукции на државни записи тоа и го потврдуваат. Но, се покажа дека и меѓународните инвеститори на кои  им се потребни нови извори за оплодување на капиталот, оценија дека инвестирањето во македонската еврообврзница е премногу ризичен потег.

Текстот во целост прочитајте го тука

 

Крсте Шајноски

извор: Фактор