Вести Македонија

ФАКТОР: ПИОМ во извештајот сокри дека должел на приватните пензиски фондови

Сподели:

penzioneri-2Менаџментот на Фондот за пензиско осигурување го објави Извештајот за работата за минатата година, но во него нема ниту збор за минатогодишните проблеми кога беше обелоденето дека токму државниот фонд не уплаќал пари за членовите во приватните пензиски фондови, што е законска обврска. Сепак, во Извештајот е наведено дека парите што се уплаќале кон приватните пензиски фондови биле надоместувани од државниот буџет, пишува Фактор.

„Овие средства се надоместуваат од Буџетот на Републиката“, се наведува во Извештајот на ПИОМ.

Ова го отвора прашањето дали на ваков начин менаџментот на ПИОМ , одговорноста за непрефрлањето на парите од државниот кон приватните пензиски фондови ја префрла на Владата?

Од Извештајот за минатогодишното работење се гледа дека ПИОМ на приватните пензиски фондови требало да им префрли 77 милиони евра. Но, на крајот на минатата годината приватните пензиски фондови се пожалија дека ПИОМ им должи 13 милиони евра.

Откако ПИОМ прво негираше, потоа признаа дека долгот постои. По извесно време ПИОМ ги уплати парите, но таквата разврска следуваше само еден ден откако државата преку државни хартии од вредност на домашниот пазар се задолжи за 30 милиони евра.

Инаку на крајот на минатата година во приватните пензиски друштва имало 405.288 членови, и сите тие беа оштетени со тоа што нивните пари не беа префрлани во приватните пензиски фондови

Според Закон за пензиското и инвалидското осигурување, стапката на придонесот која се распределува за Вториот пензиски столб, односно во приватните пензиски фондови изнесува 6% од основицата за плаќање на придонесот утврдена со закон, а за Првиот столб, односно кон ПИОМ се распределува 12% од вкупната стапка од 18% од уплатениот придонес.

Сподели: