Чаир го слави Ноември: Културни и уметнички активности по повод Денот на албанската азбука

Сподели:

Општина Чаир, од 23 до 28 ноември 2026 година, ја организира традиционалната манифестација „Чаир го слави Ноември – 20 години гордост“, со шестдневна програма која опфаќа образовни, културни и уметнички активности. Годинешните прослави се посветени на Денот на албанската азбука, Денот на албанското знаме и 20-годишнината од поставувањето на бистата на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег на плоштадот што го носи неговото име во Скопје.

Празничната програма ќе започне на 23 ноември, во 18:00 часот, со уметничка програма на основните училишта од Чаир во Албанскиот театар, додека на 24 ноември, во 12:00 часот, ќе биде одбележана 20-годишнината од основањето на Основното училиште „Конгресот на Манастир“. На 25 ноември, во 19:00 часот, ќе се одржи вечер на градски песни со Миранда Хашани и Селами Колоња, додека на 26 ноември, во истиот термин, ќе се организира концерт на Државниот ансамбл за песни и ора. На 27 ноември, во 20:00 часот, во Филхармонијата на РСМ ќе се одржи концерт на Рона Нишлиу со New Orchestra.

Централната манифестација ќе се одржи на 28 ноември, во 14:00 часот, на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, под мотото „20 години гордост“, по повод Денот на албанското знаме и две децении од поставувањето на бистата на албанскиот национален херој. Програмата ќе опфати поетска интерпретација на Чун Лајчи, песни посветени на Скендербег, традиционални албански ора, настап со чифтелија, специјално видео по повод 20-годишнината и празнични активности со младите. Манифестацијата ќе биде збогатена и со празничен концерт на пејачката Едона Љалоши.

Преку оваа програма, Општина Чаир има за цел да ги одбележи значајните датуми од албанската историја и култура, вклучувајќи ги образовните институции, уметниците и граѓаните во заеднички календар на активности. Сите граѓани се поканети да присуствуваат на празничните манифестации што ќе се одржуваат во текот на шесте дена.

Сподели: