ФАКУЛТЕТИ Анкета: Итна гасификација на Македонија и многу зеленило против загадениот воздух

Сподели

Дрвца на секое ќоше, задолжителни филтри во фабриките, систем пар/непар за автомобилите и воведување велосипеди како приритетно средство за транспорт. Воведување на трамваи, тролејбуси и изградба на метро, контрола и казни за типот на гориво и огрев што се користи за греење, стоп за прекумереното сечење дрва и непланските градби. Набавка на што повеќе паноа со мов во градовите.

Ова се само дел од предлозите на нашите читатели како одговор на анкетата за загадениот воздух и дали треба нашите пари од кои се полни буџетот да се купат прочистувачи на воздухот во најзагрозените подрачја. Има и песимистички решенија на проблемот, како: „Да се напушти државата!“.

На анкетата одговорија вкупно 970 читатели. Ова се сумираните резултати, а подолу пренесуваме и некои интересни идеи на нашата публика.

Вкупно 79 отсто редовно ја следат состојбата со загадувањето на воздухот во Скопје и во останатите градови во Македонија, а 95.1 отсто од вкупните одговори се информирани дека Скопје, Тетово и Битола се на листата на најзагадените градови во светот. Иако во Скопје веќе почнаа да се одржуваат протести против енормното загадување, а одзивот беше многу мал, ние добивме 68 отсто потврдни одговори дека би излегле јавно да го покажат своето незадоволство од актуелната состојба. Повеќе од половина испитаници (56.7 отсто) сметаат дека властите не се засегнати од ситуацијата, бидејќи ако биле, до сега ќе стореле нешто. Од вкупниот број одговори 32.3 отсто сметаат дека можеби се засегнати, но загадениот воздух не им е приоритет, а останатите (11 отсто) мислат дека властите се грижат, но не знаат што да направат.

Скоро изедначени се процентите дека воздухот го загадуваат и индустриските објекти (фабриките), и автомобилите, и системите за греење и употребата на секакви материјали, и сечењето на дрвјата и зеленилото и изградбата на нови објекти во градовите без конкретни урбанистички планови.

Скоро сите (97 отсто) читатели сметаат дека загадениот воздух е причина за зачестена појава на карциномни болести, а 95.4 осто се согласуваат дека власта, на која народот и доверил да располага со јавните пари, е должна да им обезбеди на граѓаните чист воздух за дишење.

На прашањето дали се согласувате со вашите пари од кои се полни буџетот на Р. Македонија да се набават машини кои ќе го прочистуваат воздухот во најзагадените градови, потврдно одговорија 89.4 отсто од испитаниците, 5.7 отсто не се согласуваат, додека 4.9 осто одговорија дека не знаат.

– Да престанат да се сечат дрвја, да се постават филтри на сите фабрики, да се користи чиста обновлива енергија и строго да се ограничи употребата на моторни возила.

– Јавно греење, пар/непар возење, и дај бе не давајте градежни дозволи за секое парче јавна површина, срамота е тоа колку сте алчни за пари.

– Побрзо воведување на гасоводот и забрана за употреба на секакви други матерјали (дрво, јаглен, гума итн, пелети – не знам кој ве лажеше дека се поеколошки?!).

– Подобрување на јавниот транспорт, изградба на велосипедски патеки, повеќе паркови и зеленила.

Текстот во целост прочитајте го тука