Собранието на денешната 65. седница го потврди изборот на Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител.
За неговиот избор гласаа 89 пратеници, шест беа „против“, а од пратениците кои припаѓаат на заедници што не се мнозинство 28 гласаа „за“, додека осум гласаа „против“.
Народниот правобранител, како институција, е надлежен за заштитата на слободата и правата на граѓаните, а претставува и механизам за надзор и следење на законитото работење на институциите од јавниот сектор.


