Фејсбук со приход од 47% повеќе од лани

Сподели

Социјалната мрежа Фејсбук објави дека оствари приходи од 10,3 милијарди американски долари, 47% повеќе од истиот период лани, а силно порасна и добивката на најголемата светска социјална мрежа.

Притоа, приходите од огласувањето пораснале за 49 отсто, на 10,14 милијарди долари, при што приходите од огласувањето на мобилните уреди чинат 88 отсто од вкупните приходи од огласувањето.
Огласувачите веќе подолго време ги пренасочуваат парите од телевизиско во огласување на веб и мобилните платформи, а Фејсбук е една од компаниите која од тоа има најголема полза.

Според податоците од бизнис извештајот, Фејсбук на крајот на второто тромесечје имал 2,07 милијарди активни месечни корисници ширум светот, што е 16% повеќе од минатата година. Притоа, две третини од нив ја користеле оваа социјална мрежа секој ден.

Компанијата, исто така, соопшти дека во моментот има околу шест милиони активни огласувачи, меѓу кои многу мали и средни големи компании.