Фидел Кастро денеска ќе биде погребан во Сантијаго де Куба

Сподели

Денеска во Сантијаго де Куба ќе бидат погребани посмртните останки на поранешниот кубански водач Фидел Кастро. Вчера беше одржана меморијална служба која ја водеше братот на Кастро, кубанскиот претседател, Раул Кастро.

Водачот на кубанската револуција и поранешен претседател на земјата, Фидел Кастро почина на 25 ноември, на 91 година.

Урната со пепелта на Кастро пристигна во Сантијаго де Куба, каде пред повеќе од 60 години почна кубанската револуција, откако четири дена патуваше со т.н. „Карван на слободата“. Голем број на Кубанци изминатите четири дена излегуваа на улиците да ја поздрават поворката.

Со полагањето на урната, ќе биде завршена и деветдневната жалост, што беше прогласена по смртта на Кастро, кој со Куба управуваше повеќе од 50 години.