ФИФА го казни Фудбалскиот сојуз на Шпанија со 203.000 евра

Сподели

Дисциплинската комисија на Светската фудбалска куќа повторно му изрече казна на шпанскиот сојуз бидејќи го смета за одговорен поради спорните договори на двата мадридски клуба Реал и Атлетико со странските играчи помлади од 18 години

fifa

МАДРИД (АА) – Светската фудбалска репрезентација (ФИФА) изрече парична казна во вредност од 220.000 швајцарски франци (203.000 евра) на Фудбалскиот сојуз на Шпанија (RFEF) бидејќи не ги спречил нерегуларностите при потпишување на договорот на Реал и Атлетико Мадрид со малолетните странски фудбалери, јавува Anadolu Agency (AA).

Токму како што беше случајот и претходно, кога ФИФА ги казни Барселона и Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Дисциплинската комисија на Светската куќа на фудбалот повторно изрече казна на шпанскиот сојуз бидејќи го смета за одговорен поради спорните договори на двата мадридски клубa Реал и Атлетико со странските играчи помлади од 18 години.

Во соопштението се наведува дека казната се однесува на спорните договори со кои Атлетико Мадрид ги кршел меѓународните права во периодoт од 2007 година до 2014, а Реал Мадрид во периодот од 2005 до 2014 година.

Мадридските клубови Реал и Атлетико минатиот месец се казнети со двегодишна забрана за трансфер и парични казни од 360.000 швајцарски франци (333.000 евра), односно 900.000 франци (832.000 евра). Двата клуба поднесоа жалба до Арбитражниот спортски суд (CAS).

ФИФА претходно на Фудбалскиот сојуз на Шпанија му изрече парична казна од првобитни половина милион, а по жалбата ги намали на 280.000 швајцарски франци (259.000 евра) поради слични кршења на меѓународните права од страна на Барселона, која пред две години доби двегодишна забрана за трансфер на фудбалерите и парична казна од 370.000 евра.