Вести Изјави Македонија Ударни вести

Филипче: Ако има правни услови директорот Зибери ќе биде сменет уште денеска

 

“Изјавата на директорот Арбен Зибери не е точна и ако има правни услови тој денеска ќе биде сменет”, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција, во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје, кој кажа дека лично издејствувал отворање на границите без потреба од Пи-Си-Ар тест и карантин, со цел иселениците Албанци да може да дојдат и да гласаат на изборите.

„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, напиша Зибери на својот фејсбук профил.

„Ја прочитав изјавата, прво да кажам дека е апсолутно невистина, директорот Зибери не е член на Комисијата, ова сметам дека е предизборна реторика и тоа евтина и лоша и ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, посебно не на човек кој раководи една таква институција. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и ако во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, рече Филипче, додавајќи дека Комисијата постојано работи единствено врз основа на медицинските индикатори.

Сподели: