Филипче: Благодарност до колегите од Пирогов за помошта и третманот на нашите сограѓани

Сподели

 

Во знак на голема благодарност денеска сум домаќин на моите колеги проф. д-р Иван Поромански, директор на софиската болница “Пирогов” д-р Маја Аргирова началник на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, главната сестра Маргарита Стојанова, на болницата во Софија, Република Бугарија.

 

 

Колегите лекари и целиот медицински тим од софиската болница дадоа безрезервна поддршка, нега и третман на нашите сограѓани кои беа повредени во тешката сообраќајна несреќа на автопатот “Струма” во Бугарија.

 

 

Со колегите од софиската болница ги посетивме Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија како и Клиниката за неврохирургија во Скопје каде беа префрлени пациентите повредени во несреќата.