Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Филипче: Големо благодарам до здравствените работници кои се на своите работни места

Сподели:

 

Министерот за здравство упати благодарност до сите здравствени работници во земјата кои неуморно се борат против коронавирусот и несебично помагаат на граѓаните. Во честитката по повот Ден на трудот, министерот изјави:

“Упатувам посебна благодарност и признание до сите здравствени работници. Тие неуморно се борат за зачувување на јавното здравје. Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте се на своите работни места.

 

 

До сите граѓани апелирам почитувајте ги мерките за заштита, носете лична заштита за уста и нос, држете дистанца, почитувајте го ограничувањето на движењето.

Заштитете се себе и сите оние кои неуморно работат во служба на нашето општество.
Заедно ќе надминеме!” – изјави министерот Филипче.

Сподели: