Филипче: Македонската гинеколошка онкологија ја подигнуваме на европско ниво

Сподели

 

“Македонската гинеколошка онкологија ја подигнуваме на европско ниво.

Д-р Игор Алулоски од ГАК е учесник во значајна меѓународна студија од областа на гинеколошка онкологија. Студијата е спроведена од професор Луис Чива од Клиника Навара во Шпанија, што почна во април 2019 година, со поддршка од Европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO).

Во неа учествуваат 125 институции, кои спроведуваат радикални гинеколошко-онколошки оперативни зафати од 29 европски земји, меѓу кои и нашата држава. Огромна благодарност на сите здравствени работници од Клиниката за гинекологија и акушерство, како и до директорката д-р Јовановска и проф. д-р Куновска од Институтот за патологија. Горд сум на целото јавно здравство!” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.