ФИЛИПЧЕ: Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома!

Сподели

 

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот официјален фб профил, на вработените од Институтот за јавно здравје им оддаде јавно признание за својата пожртвуваност во работата.

“Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период.” – напиша министерот Филипче.