Филипче: Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините Фајзер

Сподели

За кратко време ќе биде склучен договорот со овој производител на вакцини против Ковид 19.
Сите дози резервирани вакцини ќе бидат испорачани со таа динамика како што беше најавено од овој производител.
Направен е и планот за вакцинација и ќе се одвива во три фази.
Во планот е прецизирано кои групи граѓани во која фаза ќе се вакцинираат.
Нашиот здравствен систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози вакцини на Фајзер и Ковакс механизмот.

„Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент“, рече Филипче.

Министерот Филипче истакна дека добро одат преговорите со компанијата Фајзер и за кратко време договорот ќе биде склучен, резервирани се дозите со таа динамиката како што беше најавено од овој производител.