Вести Изјави Македонија Ударни вести

ФИЛИПЧЕ: Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена

 

„Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена. Успешно го амортизиравме првиот удар. Ја стабилизиравме состојбата во земјата со контролираниот број на нови случаи и во ниту еден случај не се преоптерети капацитетот на ниту една институција, болница. Сето тоа беше резултат на мерките кои ги донесовме во насока на заштита на здравјето на граѓаните. И отсега натаму со строго почитување на сите мерки и препораки може да ја задржиме епидемијата под контрола. Рестриктивните мерки се опуштаат секаде, со цел полека враќање на животот во нормала. Економијата заживува и како секаде во светот почнуваме да живееме понормално. Но, ова може да го одржиме само ако сите граѓани ги почитуваат мерките, а институциите ги спроведуваат контролите и никако поинаку. Здравствените работници, институции не можат сами. Не можеме ништо да постигнеме ако мерките кои се на сила не се почитуваат, а зголемен број на случаи може да е лошо за економијата, работните места, и секако за здравјето. Ние тоа не смееме да го дозволиме. Комисијата за заразни болести минатата недела донесе предлог план за намалување на рестриктивните мерки со соодветни протоколи за работа.“ – изјави министерот Филипче и додаде дека „вирусот е тука и никој од нас не е имун. Коронавирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет. Тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме да ги почитуваме сите мерки за лична заштита и да живееме со вирусот. Мора да ги вршиме сите дневни обврски, грижејќи се за своето здравје, но и за здравјето на другите“.

Сите стопански гранки, организации, граѓани, групи, секој поединец е дел од оваа борба без исклучок. Сите треба да се прилагодат на новата реалност и само така постепено ќе го враќаме животот во нормала. Доколку доследно се почитуваат сите овие мерки се очекува и понатамошна стабилизација на ширење на вирусот. Министерот Филипче рече дека најголемата опасност за пренесување на вирусот според информациите кои се добиваат секојдневно се групни собирања и упати апел до граѓаните да се воздржат од вакви собири.” – изјави министерот Филипче.

Сподели: