Филипче: Сѐ уште има граѓани кои не веруваат во вирусот и не соработуваат со здравствените работници

Сподели

 

На денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче направени се 727 тестови, починати 7 лица во ГОБ 8-ми септември каде починаа 6 лица, а на Клиниката за инфективни болести почина 1 пациент.

Вкупно заразени се 2.315 лица, 1.569 се оздравени, а 140 починати.

Министерот Филипче изјави дека Комисијата за заразни болести ја анализираше состојбата и статистиката со заболените со коронавирусот.

Околу 70% од кластерите во Скопје се во Сарај, Чаир, Студеничани.  Во Штип најголем дел се од текстилните фабрики и ќе се даде предлог-забрана за работа во 5 текстилни конфекции.

Околу рестриктивните мерки министерот изјави дека ќе се воведува полициски час каде што ќе биде локализирана опасност од ширење на кронавирусот.

Главниот проблем се јавува во слабата соработка на граѓаните кои имаат симптоми од кронавирусот, но тие не веруваат дека тој постои и не сакаат да се тестираат и ги кријат симптомите, со тоа што ќе продолжи да се шири вирусот.

Сите што имале средба со пратеникот Зеќири се во самоизолација,а тоа во овој момент се Дамјан  Манчевски, Сања Лукаревска, Забрчанец, премиеот Спасовски и Мила Царовска – изјави министерот Филипче.