Физичкото и семејното насилство не стивнува – осум пријави за едно деноноќие

Сподели:

На 02.04.2026 во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со И.С.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.04.2026 околу 18 часот во домот физички го нападнал неговиот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 01.04.2026 во СВР Скопје, 30-годишна жена пријави дека околу 17:30 часот во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг Ж.Ј.(35) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 01.04.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Б.А.(51) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 31.03.2026 во 13:20 часот во СВР Скопје, Б.А.(31) од Скопје пријави дека на 30.03.2026 околу 22:30 часот во ходник од зграда со тврд предмет бил нападнат од неговиот сосед И.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 01.04.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.В.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:45 часот пред продажен објект физички го нападнал Н.Х.(29) од Скопје, вработен како обезбедување во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 01.04.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:30 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром, М.И.(38) од Скопје физички го нападнала нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди предмети си размениле удари, а потоа Е.А. со остар предмет му нанел повреда на С.М.,  на кој му била укажана помош во амбулантното одделение, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

На 01.04.2026 околу 01:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа К.А.(27) затоа што агресивно се однесувал кон неговата 37-годишна сестра и ѝ упатувал закани. Истиот ден, околу 13:30 часот таа пријави дека на 31.03.2026 околу 22:30 часот била и физички нападната од нејзиниот брат, кој ѝ го оштетил и возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

извор/фото МВР

Сподели: