ФОРМУЛА 1: НИКО РОЗБЕРГ ПОБЕДНИК НА ТРКАТА ВО МОНЦА

Сподели

NIKO ROZBERG

Возачот на Мерцедес Нико Розберг го освои првото место на трката за Големата награда на Италија, што се возеше денеска на патеката Монца.

Шампионот Луис Хамилтон имаше лош старт и ја загуби пол позицијата и се најде на шестото место, а тоа го искористи Розберг. Хамилтон сепак успеа да ги мине Даниел Рикардо и Валтери Ботас, а потоа со подобрата тактика со промена на гумите ги мина и два болида на Ферари и на крајот заврши на втората позиција. Третото место го освои Себастијан Фетел од Ферари.

За Розберг ова беше седма победа сезонава или 21.ва во кариерата и воедно негов прв триумф во Монца. Од актуелните возачи победи во Монца имаат уште Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо.

Кај конструкторите во водство е Мерцедес со 498 бодови, пред Ред Бул со 290 и Ферари со 279.