Спорт

(ФОТО) Две недели го криеше тоа од јавноста! – Марија Шарапова за првпат стана мајка

Сподели:

Познатата руска тенисерка Марија Шарапова стана мајка, а денеска објави дека пред две недели родила син.

Русинката со сопругот Александар, го нарече својот син Теодор.

,,Најубавиот, најпредизвикувачкиот и најголемиот подарок што можеше да го добие нашето мало семејство – порача „Маша“ на Инстаграм.

Самото име Теодор, инаку, доаѓа од времето на античките Грци.

Тоа е комбинација од зборот „теос“, што значи „Бог“, односно „дорон“ – „дар“, а името значи „дар од Бога“.

Имињата кои произлегуваат од тоа на српски се „Божидар“, како и варијанти кои произлегуваат од „Божа“, „Дарко“…

Од 2018 година, Шарапова е во врска со британскиот бизнисмен Александар Гилкс, со кој се вери во декември 2020 година.

Во април 2022 година, парот објави дека го очекува своето прво дете.

Шарапова се повлече од тенисот во 2020 година, а во текот на кариерата ги освои сите четири Грен слем титули.

На врвот на АТП листата за прв пат стигна во 2005 година, кога имаше само 18 години.

The post (ФОТО) Две недели го криеше тоа од јавноста! – Марија Шарапова за првпат стана мајка appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: