Спорт

(ФОТО) Халанд со новата објава го шокираше фудбалскиот свет!

Сподели:

Ерлинг Хaланд стана еден од најскапите играчи во историјата во овој преоден рок.

Манчестер Сити за него мораше да плати „само“ 60 милиони евра на Борусија Дортмунд, но кога ќе се вклучат сите хонорари за играчот и агентите, како и платата, вредноста на трансферот е блиску до бројката од 300 милиони евра.

Норвежанецот допрва треба да дебитира за Сити, а се надева дека тоа ќе го направи на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен.

Непосредно пред дуелот со германскиот шампион, Халанд напиша пост кој брзо стана хит.

– Ќе дебитирам против Баерн, иншалах – напиша тој.

Иншалах е добро позната исламска изрека која преведена од арапски значи „да сака Господ“ и е вообичаена во изразувањето на луѓето од таа религија.

Повеќето обожаватели беа изненадени од неговиот избор на зборови, а некои дури се посомневаа дека Халанд преминал во ислам.

Норвешкиот напаѓач и претходно правеше објави во кои користеше изрази од Куранот, но никогаш официјално не се изјасни како муслиман.

The post (ФОТО) Халанд со новата објава го шокираше фудбалскиот свет! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: