(ФОТО) Најтрофејниот светски фудбалер преживува пекол во затвор – Штрајкува со глад, а ова го докрајчи сега!

Сподели

Loading

Познатиот бразилски фудбалер Дани Алвеш доживува вистински пекол! Тој е во затвор, каде што го чека почетокот на судењето за силување, но тоа не е единствениот проблем што го има.

Алвеш беше обвинет за силување девојка во ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година, а беше приведен на 20 јануари, кога и се предаде на полицијата!

Се пишуваше дека три пати ја менувал изјавата, а судот не му дозволил да се брани од слобода. И покрај сето ова, Бразилецот остана без поддршката од својата најголема љубов.

Целиот скандал тешко го зеде неговата сопруга, поранешната манекенка Џоана Санз. Таа веднаш се огради од сопругот, ги избриша сите заеднички фотографии на социјалните мрежи и официјално поднесе барање за развод.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, Алвеш тешко го поднел овој удар, а од понеделникот кога сопругата лично го известила дека се разведува од него, тој одбива да јаде во затворот каде што се наоѓа.

фото: The Sun

Поранешниот бразилски репрезентативец сега е во тешка емоционална и психичка состојба, па сите овие денови ги поминува без оброци.

Ќе видиме каков ќе биде епилогот од случајот на суд, но тоа не навестува добро по него.

The post (ФОТО) Најтрофејниот светски фудбалер преживува пекол во затвор – Штрајкува со глад, а ова го докрајчи сега! first appeared on .

Powered by WPeMatico