ФОТО: Од банкрот и затвор до милиони – Како Роналдињо повторно ја врати насмевката на лицето!?

Сподели

Лошиот начин на живот го фрли во очај еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдињо, но за среќа успеа да излезе од тешката ситуација и сега повторно ужива во сите придобивки од животот со насмевка на лицето.

За Роналдињо, 2020 година беше најлошата во неговиот живот. Во февруари, неговата мајка почина од корона, а само еден месец подоцна, заврши во парагвајски затвор.

Беше уапсен на 6 март, заедно со неговиот брат и менаџерот Роберт Асис, кога се обидоа да влезат во Парагвај со фалсификувани парагвајски пасоши.

Поради долговите за коцкање и хедонистичкиот живот, му останаа само пет долари на сметките во Бразил, но успеа да застане на нозе. 32 дена беше во затвор.

Подоцна ја активира сметката што ја имал во Европа, па тој и брат му Родриго платија кауција од 1,6 милиони евра за да го напуштат затворот во Парагвај и да чекаат завршување на судската постапка во домашен притвор.

Судот во Асунсион подоцна го прифати „условното суспендирање“ на обвиненијата, со што Роналдињо всушност беше ослободен од каква било одговорност за злосторството, но со обврска да плати 90.000 долари трошоци, кои ќе бидат доделени на добротворни организации.

По сите проблеми сепак успеа да ја врати насмевката на лицето. Сега снима реклами и видеа, игра фудбал, ужива во животот и повторно има милиони.

Во Бело Хоризонте, тој доби статус на почесен граѓанин и ја промовираше изградбата на новиот стадион Атлетико Минеира.

Сними музичко видео, започна со производство на алкохолни пијалоци, стана заштитно лице на голема обложувалница со која потпиша повеќегодишен договор за соработка.

The post ФОТО: Од банкрот и затвор до милиони – Како Роналдињо повторно ја врати насмевката на лицето!? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico