ФРОДЕМ: ПАДНАА МАСКИТЕ И СЦЕНАРИОТО

Сподели

ФРОДЕМ – Фронтот за демократска Македонија неможе да се изначуди на јавно искажаните бесмислени ставови и леснотијата со која истите се изнесуваат во јавноста. Како поинаку да се протолкува бесмисленоста од типот: ,,Не ги признаваме изборите зошто тие беа најнерегуларни, најдемократски и насилнички ама нема причина да го повлечеме нашите градоначалници и советници кои ги освоивме на таквите избори:” Така во ист глас говорат и осомничениот Груевски и неговите подопашници. Nonsense par excellence, нешто невидено во поновата, но и постарата историја на Република Македонија.

 Ништо поарни не се ни нивните пулени од V-от и VI-от партиски ешалон кои скоро пет месеци глумат загрижени ,,рефоматори. Таканаречените реформатори не дочекаа да се раздени денот по изборите и веднаш побрзаа да побараат средба со нивниот наводен ,,лут противник Груевски и со Извршниот Комитет. Според гласниот ,,реформаторцелта на средбата е заеднички да го утврдат составот, начинот и рокот на управување на Управувачки комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе го организира Конгресот на кој би бил избран нов Претседател на партијата. Значи ти бараат Груевски и ИК да им овозможат односно и да им помогнат тие да учествуваат во негова и смена на постојниот Извршен комитет!?.

Ниту некаде имало ваква смена на партиско раководство, ниту ке дојде до смена на ваков смешен и дилетантски начин. Со ова паднаа во вода маските на т.н реформатори кои имаат за цел само да го замајуваат незадоволното партиско членство додека се случат козметички промени во партијата по воља на сегашната партиска номенклатура.

Тивкото и после петмесечно споменување на името на нивниот довчерашен патрон Груевски и изглуменото барање за негова одговорност и заминување, како и останатите нејасни позиции и ставови по круцијалните прашања и институции во државата фрлија темна сенка на поддршката која ФРОДЕМ им ја даде при првото нивно појавување во јавноста. Иако на почеток сметавме дека тоа се должи на нивниот страв и неискуство, времето покажа дека зад тоа стои добро скроено сценарио кое полека излезе на површина.

ФРОДЕМ најискрено ги почитува и поддржува сите чесни патриоти и заложници за демократија и реформа на партијата и ги повикува на заедничко дејствување, но неможе да се согласи со изнесените досегашни ставови на некои самонаречени реформатори. ФРОДЕМ не сака да се меша во нивниот начин на работа и самопромоција како и реализација на договор кој можеби го имаат со одредени партиско-политички структури, но смета дека на граѓаните на Република Македонија им се смачено од разни сејачи на магла и одработувачи за туѓи интереси.