ФРОДЕМ: Што прославува ДПМНЕ?

Сподели

frodem-283x200

По повод денешната помепзно најавување на прославата на 26 годишнината на ВМРО ДПМНЕ, сакаме таму присутното членство и врхушката јавно да ги запрашааме Дали знаат што прославуваат?. Доколку се дојдени на прослава на ВМРО ДПМНЕ тогаш треба да занаат дека го утнале денот од причина што роденденот на ВМРО ДПМНЕ беше на 17 јуни. Оваа денешна прослава е само обид за прослава на 13 годишнината на бледата креатура на ВМРО ДПМНЕ.под раководство на Груевски и натурилизираната вмроизирана врушката:

Ова ДПМНЕ неможе да биде ВМРО ДПМНЕ од причина што благодарние на вмроизираните и новодојдени структури, партијата е обезличена до непрепознатливост. Партиската и новодојдена врхшушка го уништи концептот на политичкиот конзервативизам.и демохристиајнството. Уништени се духовните вредности длабоко втелени во историјата и традицијата на вистинското ВМРО. Во ова прилика би сакале да го потсетиме чесното членство на ВМРО ДПМНЕ дека конзервативизмот налага чување на вредноста на слободат и нејзините принципи, а во центарот на вниманието е реалниот човек, а не маргиннализираните, изманипулираните и осиромашени граѓани. Реалниот човек е активен, дејствувачки поединец, чие дејствување значи слобода на мислење  и здружување, а не беспоговорна и спела послушност и сервилност. Конзервативизмот секогаш се наоѓал на спротивната страна на на политичкиот и човечки цинизам кој за жал стана наше секојдневие.

Исто така би сакале да го потсетиме вождот дека во доктрината на ВМРО ДПМНЕ е запишано дека партијата најжестото ќе се спротивставува и бори против владеењето на егоизмот на личните интереси, дека криминалот и корупцијата се закана за демократијата и слободата а сторениот криминалот е во директна корелација со сиромаштијата. Практикуваната култура на нарцизам и саможивносте е во директна спротивност со слободата, како и со  почитувањето на  културата на законитоста наспроти промовирана и практикувана културата на беззаконие.

Ако е така, а повеќе е од сигурно дека е така, тогаш оваа прослава нима ништо заедничко со роденденот на ВМРО ДПМНЕ која чесното членство работно го прослави на денот на нејзиното основањето на 17 јуни при што беа донесени значајни заклучци за кои јавноста наскоро ке биде известена . Достоинството и слободата не се цели на егоистични индивидуи туку се израз на солидарност и грижа за следните генерации.