Став

ФРОДЕМ: Целосно ја уважуваме определбата на партиите ВМРО-НП и ОМ

Сподели:

frodem-283x200

По потрошените неколку месеци во грижливи преговори и вложени огромни напори со целосно разбирање на спецификите на сите потенцијални партнери, ФРОДЕМ целосно ја уважува определбата на партиите ВМРО-НП и ОМ да не продолжат со спојувањето и да настапат со своја коалиција, соопшти ФРОДЕМ.

„Ние како изворно граѓанска европска народна опција се организиравме со цел да се поврзат во единствена фунцкионална целина сите политички сили од оваа опција и сродните на неа, во насока на создавање на моќна политичка сила што ќе се спротивстави на погубонто водење на државата од страна на актуелнто раководство на ДПМНЕ.

По спојувањето со Демократскиот Сојуз, МОРО-РП И ДЕМОС и формирањето на Коалицијата за промени и правда, продолживме со активностите на привлекување на сродните политички сили во поголем сојуз, што ќе биде способен да го запре неодговорното владеење на сегашнава власт и да ги врати вредностите на општеството, меѓу кои како први се слободата и правдата.

Остануваме и понатаму посветени на привлекување на сите субјекти што се загрижени за иднината на Македонија и се подготвени да се вложат во враќањето на вредностите на системот и забрзувањето на процесите на евроатлантските интеграции. Очекуваме дека независно од тоа што не сме во ист блок, другата сродна групација јасно ќе покаже дека нема намера да прави никава соработка ниту во текот на изборите ниту после нив со актуелното раководство на ДПМНЕ и дека тоа ќе го манифестира јасно преку конкретни чекори како што е санкционирање и дисцилинирање на членството кое упатува повик за таква соработка“, стои во соопштението.

Сподели: