Во име на пратениците и во мое лично име ви го честитам големиот празник “Св. Климент Охридски”, патрон на Mакедонската Православна Црква, прв словенски епископ, духовник, просветител и учител.
Толкувањата на Св. Климент „гладен да нахраниш, жеден да напоиш, патник да прибереш и гол да облечеш, чест на презвитери да направиш…“ и денес длабоко се врежани во секој наш ден, постапка и стремеж на чиниме добрина.
На овој голем празник да се навратиме на суштината, на темелите на човештвото и да ја шириме добрината, обединето да чекориме кон вредностите за кои беседел Свети Климент, упати честитка претседателот на собранието, Африм Гаши.
![](https://denesmagazin.mk/wp-content/uploads/2019/12/SEMM-baner_MK.jpg)