Претседателот на Собранието Африм Гаши упати телеграма со сочувство по повод смртта на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани.
“Со тага ја примив веста за смртта на поранешниот емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани.
Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, изразувам најискрено сочувство до кралското семејство Ал Тани, Неговата екселенција, Емирот на Државата Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, како и до пријателскиот народ на Државата Катар.
Неговиот придонес и визија за развојот и напредокот на Државата Катар, како и за зајакнување на нејзината позиција на меѓународната сцена, ќе останат незаменлив дел од неговото драгоцено наследство и ќе продолжат да ги инспирираат идните генерации.
Нека почива во мир и нека му е вечен споменот”, Африм Гаши, Претседател на Собранието.


