Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска присуствуваше на централната прослава по повод Денот на Армијата, која се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Настанот беше организиран од страна на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Централната прослава опфати свечена програма со официјален прием на државниот врв, дипломатскиот кор, како и други високи гости.

Со своето присуство, претседателот Гаши изрази почит кон Армијата на Република Северна Македонија и кон нејзината улога во одбраната, безбедноста и стабилноста на државата.


