“Кога нашиот претседател д-р Арбен Таравари бара јасни гаранции за почеток на преговорите со Европската Унија и за гласањето на уставните измени, тој не бара функции, привилегии или политички пазарења. Тој бара сигурност за граѓаните, перспектива за младите и јасен европски пат за државата”, – информираат од Алијанса на Албанците.
“Ова барање јасно го истакнаа и највисоките претставници на Европската Унија. Уставните измени се клучниот услов за деблокирање на процесот. Но Владата, а особено ВЛЕН, кој ветуваше дека европската интеграција ќе биде приоритет, денес молчи пред блокадата и останува на власт без гаранции, без резултати и без одговорност.
Северна Македонија, некогаш меѓу првите земји во регионот со кандидатски статус, денес гледа како Црна Гора и Албанија напредуваат, додека ние остануваме заложници на политичките калкулации. Секоја изгубена година значи помалку инвестиции, понизок животен стандард и повеќе млади кои својата европска иднина ја бараат со напуштање на државата.
Овој застој не е несреќа. Тој е политички избор. А за тој избор, некој мора да понесе одговорност”, се наведува во соопштението на АА.


