Ми претставува особена чест да Ви се обратам денес на оваа владина седница посветена на Светскиот ден на Ромскиот јазик, ден на рефлектирање за различноста, достоинството и јазичното богатство што нè обединуваат како општество.
Ромскиот јазик е дел од културниот мозаик што го збогатува нашиот општествен идентитет. Затоа, заштитата и развојот на Ромскиот јазик значи заштита на меморијата, достоинството и динамиката на една заедница која дала многу на нашето општество.

Освен институционалната одговорност, имаме и морална одговорност да гарантираме ова наследство да не остане само симбол на календарот, туку да се претвори во секојдневна реалност на еднакво учество во јавниот живот.
Како Собрание, остануваме посветени на гарантирање на заштитата и унапредувањето на правата на Ромската заедница, преку зајакнување на инклузивните политики во образованието, културата и граѓанското учество. Иако актуелно немаме пратеник од Ромската заедница, сакам повторно да нагласам, со целосно убедување, дека секогаш ќе бидам еден одговорен и посветен глас за заштита на правата и аспирациите на оваа заедница.
Додека сум тука во оваа владина сала, сакам да го охрабрам владиниот кабинет заедно да преземеме конкретни чекори за поддршка на Ромската заедница и за зачувување и развој на нејзиниот јазик. Разновидноста не е поделба, туку извор на сила, и наша должност е да го претвориме овој ден во повик за единство, меѓусебно почитување и конкретни дејствија.
За крај, дозволете ми да им го честитам Меѓународниот ден на Ромскиот јазик на целата Ромска заедница, со надеж дека вашиот јазик и култура ќе продолжат да цутат и да го збогатуваат нашето општество. Единството во различноста е најубавиот доказ за нашата цивилизација, а заедно можеме да ја направиме оваа визија реалност, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши.


