ГДП догодина нема да се поднесува ако се направи е-регистрација во УЈП

Сподели

Физичките лица кои во текот на 2017 година оствариле дополнителни приходи, покрај плата и пензија, треба до 15 март да поднесат Годишна даночна пријава (ГДП) до Управата за јавни приходи. Од следната година ќе добиваат пополнета даночна пријава и не треба да поднесуваат ГДП како годинава, но за таа цел во текот на оваа година треба да се регистрираат во електронскиот систем на УЈП за персонален данок на доход.

Од УЈП на денешната прес-конфернција апелираат до граѓаните и навреме да ја поднесат ГДП годинава за да не се создаваат гужви во последните денови, но и да се регистрираат во електронскиот систем за да може следната година да се одвива целиот процес без проблеми кога УЈП ќе треба да ги испрати пополнетите годишни даночни пријави, бидејќи бројот на лица кои поднесуваат

Бројот на физички лица кои поднесуваат годишна даночна пријава изнесува околу половина милион. Лани се поднесени 439.685 годишни даночни пријави, а и годинава се очекува толкава бројка.