Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Реакција од ПЗУ Жан Митрев: Згрозени сме од говорот на омраза и креирање лажна слика за нашата институција

Сподели:

 

По објавата на истражувачката сторија на тимот на ИРЛ, со соопштение се обратија од Клиниката „Жан Митрев“.

Клиниката „Жан Митрев“ е згрозена од реакциите на јавноста.  За истражувачката документарна сторија на ИРЛ, посочуваат дека е „фабрикувана информација за креирање на лажна слика“. За нив, документарецот „Нечиста крв“ е неоснован напад на институцијата.

“Навистина сме згрозени од тенденциозниот говор на омраза кон нашата институција, како и од неточните наводи, односно од фабрикуваните информации кои единствено се насочени кој креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на Клиничката болница Жан Митрев.

Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи. Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската панедмија предизвикана од страна на вирусот Ковид 19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број на човечки животи – велат од клиниката Жан Митрев.

 

 

Нашите следни чекори ќе бидат во насока на искористување на сите правни можности согласно законите, со цел да ги спречат овие и сите идни неосновани напади кон нашата институција”, се наведува во соопштението од Клиничката болница Жан Митрев.

 

 

Сподели: