Вести Изјави Македонија Ударни вести

Георгиевски до Мицкоски: Оставете ги со блага критика СДСМ да го реши проблемот со името

Сподели:

 

“-Според она што го гледам, би дал 50 – 50 % шанси за решавање на проблемот со името. Гледам дека во Грција нарипаа да нема има „Македонија“. Уште во 92-та година е расчистено од сите дека во името мора да го има името Македонија. Впрочем, и во самата привремена референција го има името Македонија, но и во сите предлози од медијаторот Нимиц. Затоа ние не смееме да го исклучиме преговарачот Нимиц бидејќи тој е во наша корист, тој е најголемиот сведок за она што ни се случува.

– Првата работа која ја злоупотребуваат Грците е името – Македонија. Втората работа е злоупотреба на терминот – Ерга Омнес. Името Македонија мора да постои. Ерга Омнес се однесува само во меѓународна употреба. Значи, Грците можат да го користат терминот Македонија за внатрешна употреба, Македонија може да си го користи терминот Македонија за внатрешна употреба. Тоа мора да им се извади на Грците и да им се каже дека нивното барање за евентуално договорено име е само за меѓународна употреба.

– Сметам дека ако не успеат преговорите ќе има обид Македонија да влезе со референцата како што е сега и понатаму. Мислам дека ќе има нова политика на меѓунардоната заедница кон Македонија. Во периодот 1998-2002 година кога се обидов да го решам проблемот за името, најголем противник беше СДСМ и токму тие новинари кои сега велат дека треба да се реши проблемот со името. Е па, рецептот за ВМРО-ДПМНЕ е следен: Да ги остават со блага критика СДСМ да го реши проблемот со името, бидејќи ако не ги остават да го решат, тогаш еден ден во новиот мандат тие ќе мора да го решаваат. Нема бегање од тоа.”

Љубчо Георгиевски, за Фактор Магазин на ТВ24.

 

 

Сподели: