Вести Изјави Македонија Ударни вести

Герасимовски: Го раскинавме договорот со планерската куќа за „Треска“, бараме решение прифатливо за сите

Сподели:

 

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во „Утрински Брифинг“ дискутираше за урбанизмот и урбанистичкото планирање во општината.

„Центар мора да се развива и Треска и Холидеј Ин, јас на самиот почеток на предизборната кампања говорев, а сега и така ги спроведуваме сите ветувања, за хуман урбанизам ќе го почитуваме прво јавното добро и интересот на граѓаните, а потоа бизнис интересите и нивните профити. Тоа го спроведуваме“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Четири години ја имаме топката имаме празен терен и гол, вели Герасимовски, требале само да дадат гол. После четири години имаме идејно архитектонско решение. Прво нешто што го направивме е го раскинавме договорот со планерската куќа која што ги правеше ДУП-овите Буњаковец 1 и 2, а таму е и „Треска“. Според Герасимовски, решението е измена на ДУП-от, нешто што требало да се направи многу одамна. Во гостувањето нагласи дека веќе е во тек барањето за нова планерска куќа и спроведување на нов ДУП, во кој влегува и „Треска“ во Буњаковец 2.

„Ако било спроведено пред две години и се изменил ДУП-от, сега таму ќе сме имале идејно архитектонско решение, кое ќе сме можеле сега да го спроведуваме. Секако дека ќе дадеме и ние насоки, но сепак треба да имаме предвид дека тоа е и приватно земјиште. Дека е изминат голем период каде што луѓето купиле некои парцели, се задолжиле во банки, плаќаат камати. Имаме можности за тужби, значи седнуваме и се договараме за да немаме тужби. Утре ќе се блокира општината, кој ќе го плати ‘цехот’ на крај?“, прашува Герасимовски.

Прво јавниот интерес после бизнис интересите, додаде Герасимовски. Во Центар останаа уште многу малку парцели и тие се тие што ги говориме: „Холидеј Ин“ и Треска“, кои се поголеми, другите се помали парцели. За секоја дозвола дури и излегуваме на терен да видиме за каква парцела станува збор дали има дрва, на која позиција е и сѐ останато. Има закони и сите мораме да ги почитуваме, вклучувајќи ја и „Треска“. Таму луѓето купиле имот, бараат дооформување, утре ќе бараат дозволи и така натаму, ние како општина законски не смееме да ги сопреме.

Според градоначалникот Герасимовски, идејното решение не е идеално, имало време да се направи многу убаво. Беше побарано од партиципативното тело да се презентира тоа идејно решение и ние ќе го направиме тоа. Закочивме во делот на побрзо спроведување бидејќи сакавме да ги сослушаме сите страни, да седнеме на заедничка маса како општина, како архитекти, сопственици и да поразговараме за најдобро идејно решение коешто ќе биде прифатливо за сите.

„Верувам дека ќе се најде заеднички јазик, дополнително и во текот на следната недела пак повторно ќе седнеме и со инвеститорите и со Комисијата за урбанизам за да говориме на таа тема и да најдеме едно заедничко најдобро решение“, додава Герасимовски.

Градоначалникот Герасимовски вели дека граѓаните гледаат, граѓаните сфаќаат што е правилно, а што не е правилно што е правно издржано, а што не е правно издржано.

„Бараме начини јавното добро да го заштитиме целосно. Во ‘Холидеј Ин’ има издадено една дозвола, се намалуваат другите катови на останатите две згради за кои уште не се побарани дозволи. Како граѓанин и жител на Центар, сопруг, родител, активист, зошто кај нас сите сме активисти, треба да видиме кој стои позади и колкава маса на луѓе го подржуваат тоа. Искрено сметам дека сега и таму е бетонизација. Имаме бетон, имаме трошни куќи, од кои половина се распаднати. За жал немаме ни канализациона мрежа и се останато, треба да се урбанизира, час поскоро“, заклучува градоначалникот Герасимовски.

Сподели: