Германија бара брзи избори и техничка влада

Сподели

germany_berlin_reichstag_government_quarter_10

Актуелната состојба во Македонија е загрижувачка! Ова пред членовите на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг претпладнево го презентираше Михаел Рот, државен секретар во германското МНР, пренесе Сакам да кажам“. Како што вели за порталот, Торстен Фрај, член на Комисијата и пратеник од редовите на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот, извесно олеснување донесе повлекувањето на аболицијата, со што е исполнет еден од важните услови за деблокирање на политичката криза.

– Актуелно, нема нов термин за избори. Но, важно е во Македонија многу бргу да дојде до нови избори, а до тогаш да се формира техничка влада која ќе помогне во создавањето на новата демократски избрана влада – вели Фрај.

Тој вели дека не смее да се заборави спорот за името.

– Ако се сака Македонија да оди по патот на евроатлантските интеграции, во земјата треба да се остварат условите што се однесуваат на реформите во државата и она што е поврзано со европските переспективи. Меѓутоа, ако го нема предизвикот за членството, бидејки еден партнер, Грција, од егоистички причини постојано блокира, тогаш човек е скептичен во поглед на тоа што се бара од Македонија во однос на понатамошните реформи. Затоа сметам дека покрај спроведувањето на Договорот од Пржино и државните реформи, многу е важно да се направи и исчекор во однос на спорот со името. Тука ЕУ, а сигурно и германска влада, имаат дел од својата одговорност – вели Фрај.

Германија бара брзи избори и техничка влада