Вести Свет

Германија на маки: Трамп бара данок за увоз

Сподели:

ФРАНКФУРТ (АА) – Абдулселам Дурдак – Германија во САД најмногу извезува моторни возила, возила за влеча и возила за влеча со приколка во висина од 34,1 милијарда евра. По изјавата на Трамп дека планира да воведе данок во секторот за увоз, на мака се германските автомобилски компании, јавува Anadolu Agency (AA).

По полагањето заклетва на 20 јануари и неговото доаѓање на функција како 45. претседател на САД, Доналд Трамп стана тема на дискусии во Германија поврзани со иднината на трговските односи меѓу двете земји.

Пред да започне на својата функција претседател на САД, Трамп даде интервју за германскиот весник „Билд“. Во интервјуто Трамп истакна дека планира да воведе одредени даноци при увозот на возила што се произведуваат надвор од САД, што за производителите на германските автомобили би бил данок за увоз во висина од 35 отсто.

Оваа изјава на Трамп предизвика реакција кај производителите на автомобили во Германија. САД се еден од најзначајните трговски партнери во автомобилскиот сектор.

Новиот Закон за данок при увоз на САД ги стави на мака германските компании, кои истовремено инвестираат во земјите како што е Мексико.

По интервјуто на Трамп, забележан е пад на акциите на „БМВ“, „Даимлер“ и „Фолксваген“. Со цел да извезуваат во САД, главните германски автомобилски производители инвестираа милијарди евра во изградбата на фабрики во Мексико, каде што се пониски трошоците за производство.

– САД е најзначаен трговски партнер на Германија –

Според податоците објавени од страна на канцеларијата на Германскиот федерален завод за статистика, до кои дојде дописникот на АА, Германија, која има најголема економија во Европа, според последите податоци за 2015 година, го урнала рекордот со извоз од 1 трилион 193,5 милијарди евра, и увоз од 949,2 милијарди евра.

Во 2015 година, Германија имала најголем извоз во САД, со што САД станаа најголемиот трговски партнер на Германија. Германија во овој период направи извоз од 113,7 милијарди евра, додека увозот од САД изнесува 60,2 милијарди евра. На тој начин, вкупната трговска размена меѓу Германија и САД изнесува околу 174 милијарди долари.

Основниот извоз на Германија во САД во висина од 34,1 милијарда долари претставуваат моторните возила, возила за влеча и возила за влеча со приколка.

Во 2015 година, Германија на ниво на целиот свет извезе моторни возила, возила за влеча и возила за влеча со приколка во висина од 226,7 милијарди евра. Не само во генералниот извоз, туку истовремено и во спомената група на производи, САД се наоѓаат на првото место, со 15 отсто од вкупниот извоз на Германија во автоиндустријата. Следат Британија со 13 отсто и Кина со 8 отсто.

Сподели: